Горивата поскапуваат од 0,5 до 1,5 денари

Bez autora
Feb 25 2013

Малопродажната цена на горивата во Македонија ноќеска на полноќ се зголеми од 0,5 до 1,5 денари во зависност од тоа за кој дериват станува збор. За еден денар по литар поскапуваат еуросуперот БС-95, чија нова цена изнесува 85 денари и еуродизелот, кој ќе се продава по 72,5 денари. Еуросуперот 98 поскапува за 1,5 денари по литар и ќе се продава по 87 денари, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 61 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг, на 43,603 денари за килограм. Одлуката за нагорна корекција на цените на дериватите Регулаторите ја образложуваат со податокот за раст на просечната цена на суровата нафта од 0,56 отсто и на курсот на денарот во однос на доларот за 1,36 отсто.

Горивата поскапуваат од 0,5 до 1,5 денариМалопродажната цена на горивата во Македонија ноќеска на полноќ се зголеми од 0,5 до 1,5 денари во зависност од тоа за кој дериват станува збор, објави во понеделникот Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар по литар поскапуваат еуросуперот БС-95, чија нова цена изнесува 85 денари и еуродизелот, кој ќе се продава по 72,5 денари.

Еуросуперот 98 поскапува за 1,5 денари по литар и ќе се продава по 87 денари, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 61 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,675 ден/кг, на 43,603 денари за килограм.

Одлуката  за нагорна корекција на цените на дериватите Регулаторите ја образложуваат со податокот за раст на просечната цена на суровата нафта од 0,56 отсто и на курсот на денарот во однос на доларот за 1,36 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik